Шведскиот апелациски суд ја потврди потерницата по Асанж

Шведскиот апелациски суд го отфрли барањето за укинување на потерницата по основачот на Викиликс, Жулиан Асанж. 45-годишниот Асанж, кој е осомничен за силување, ја избегнува екстрадикцијата во Шведска и е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012-та година. Неговиот адвокат изјави дека сега ќе се жалат до Врховниот суд. Асанж страхува дека доколку биде екстрадиран во Шведска, би можел да им биде предаден на Соединетите Држави, каде што пак ќе му се суди за објавување на тајни документи.