Путин ги повика Русите да гласаат на изборите

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин побара од Русите да излезат на избирачките места в недела за да го изберат новиот состав на Државната Дума, односно долниот дом на рускиот парламент. „Ве повикувам да гласате и да ја изразите својата позиција. Учеството на гласањето е граѓанска должност за сите, манифестација на искрените чувства спрема нашата земја и грижа за нашата иднина“, изјави Путин во телевизиското обраќање до нацијата. И покрај економските тешкотии и најдолгата рецесија во изминативе две децении, владејачката Единствена Русија и другите провладини партии се очекува да обезбедат победа на изборите.