Во Брисел, разговори НАТО - Русија

Александар Вершбоу

Претставници на НАТО и на Русија денеска одржаа разговори за начините за зголемување на транспарентноста и за намалување на ризиците. Во соопштението на Алијансата се наведува дека заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу и рускиот амбасадор во Алијансата Александар Грушко изразиле готовност за продолжување на дијалогот. „Нашата практична соработка останува суспендирана поради руските агресивни акции против Украина, но во исто време решивме да ги зачуваме отворени каналите на политичкиот дијалог“, се прецизира во соопштението во кое се додава дека генералниот секретар Јенс Столтенберг очекува во блиска иднина да се сретне со рускиот министер за надворепни работи Сергеј Лавров.