Меркел: ЕУ да покаже дека може да ги совлада слабостите

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска рече дека од суштинско значење е на претстојниот самит на Европската унија во Братислава, прв по референдумот за излез на Британија, да се покаже дека Унијата може да се справи со нејзините слабости. „Јасно е дека на дневниот ред на состанокот во Братислава е нашата решеност заедно да реагираме на слабостите и да се соочуваме со предизвиците“, изјави таа за време на посетата на Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд како дел од подготвките за утрешниот самит.