Средба на претседателите на парламентите на Македонија и Грција

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски денеска на маргините на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, се сретна со претседателот на Парламентот на Грција Никос Вуцис, јави МИА. Ова е прва средба на претседатели на законодавните домови на Македонија и на Грција. Во рамки на Европската конференција на претседатели на парламенти, Вељаноски ќе има обраќања посветени на „Миграциите и бегалската криза во Европа, улогата и одговорностите на парламентите“ и „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“. Првата ваква Европска конференција на претседатели на парламенти се одржала во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја членка на Советот на Европа.