СЈО со втор извештај за неговата работа

На годишнината од формирањето на Специјалното јавно обвинителство, првиот човек на обвинителството Катица Јанева, денеска треба да го достави до парламентот и до Советот на јавни обвинители вториот шестмесечен извештај за својата работа. СЈО во текот на изминатата година отвори серија истраги, но се уште не е поведено ниту едно обвинение. Јанева првиот извештај го поднесе на 15 март. Според Законот за СЈО, јавниот обвинител има обврска на секои шест месеци да ја информира јавноста за својата работа. Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за активностите, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага. Во него може да бидат изоставени материјали кои според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди информации за да ги оправда трошоците.