Заев оценува дека има услови за фер избори

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оцени дека се исполнети условите за фер и демократски избори, посочувајќи дека Избирачкиот список е прочистен и оти има тренд на медиумско избалансирано известување.

„На 11 декември не само што ќе има избори, туку и промени, изјави Заев, при денешната посета на Прилеп.

На новинарско прашање дека листите на СДСМ ќе бидат половина со членови од Шарената револуција, Заев одговори дека „најдобрите репрезенти на граѓаните ќе бидат на пратеничките листи“.

Прашан да ја објасни изјавата дека албанскиот јазик ќе го има на територијата на целата држава, претседателот на СДСМ Зоран Заев со одговор дека практичната примена на законите во Македонија е во корист на граѓаните.