Луѓето пријавуваат штети по земјотресите

По серијата земјотреси луѓето пријавувааат штети во Единицата за известување и команда при СВР Скопје. Од МВР сопштија дека добиле известување за падната бандера врз куќа, пукнати цевки по што настанала поплава, скинати кабли, прекин на снабдување со струја, оштетени патнички возила, пукани ѕидови и плафони од куќи, срушен кров.

Како последица на земјотресите, соопшти МВР, утврдено е дека има оштетувања и на службени простории кои се во состав на СВР Скопје.