Индија вети една милијарда долари помош за Авганистан

Индискиот премиер Нарендра Моди вети една милијарда долари помош за Авганистан на средбата со авганистанскиот претседател Ашраф Гани во Њу Делхи. Во заедничкото соопштение по средбата се наведува дека помошта ќе биде искористена за изградба на капацитети во областа на образованието, здравството, земјоделството, енергетиката и за инфраструктура во Авганистан.

„Двајцата соговорници го осудија тероризмот и насилството во регионот за постигнување на политички цели", се вели во заедничката изјава.

Гани е во дводневна посета на Њу Делхи.