Туркменистан може да има доживотен претседател

Се отвара патот за претседателот на Туркменистан да биде на таа функција доживотно, откако се потпишани уставните амандмани со кои се овозможува да нема возрасна граница за кандидатите на претседателските избори. Со измените, потпишани од страна на претседателот Гурбангули Бердимухамедов, по одобрувањето од страна на парламентот и од Советот на Старци, се тргна старото правило според кое кандидатот за претседател не треба да има повеќе од 70 години. Со измените претседателскиот мандат е зголемен на седум, наместо сегашните пет години. А Уставот не го ограничува ниту бројот на мандати на еден претседател. Туркменистан е една од најизолираните земји во светот и досега не се одржале избори кои се сметаат за фер и демократски од страна на ОБСЕ.

Туркменистан е втора земја од поранешните советски републики, која со измени на уставот годинава ја зајакна контрола на претседателот. ПретходноТаџикистан го промени својот устав за да се овозможи претседател Емомали Рахмон, кој е на власт од 1992 година, повторно да се кандидира.