Во изминатата ноќ нов земјотрес во скопско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2. Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер. Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица. Потребата од проценка на безбедноста на објектите граѓаните треба да пријавуваат на бројот 195, каде се регистрирани 500 јавувања.