Русија: бунтовниците во Сирија го кршат прекинот на огнот

Русија ги обвини бунтовниците во Сирија, кои се поддржани од САД дека го кршат примирјето. Високиот руски воен офицер Виктор Позникир денеска рече дека владините сили запреле со борбите насекаде, освен во областите каде оперираат милитантите на Исламската држава и на екстремистичката група Џабат Фатах ал-Шам.

„За жал, истото не може да се каже за вооружените групи кои добиваат поддршка од САД“, додаде Позникир.

Од почетокот на примирјето, кое започна синоќа со залезот на сонцето, регистрирани се 23 прекини на огнот. Тој вели дека во Алепо, каде се водеа жестоки борби, примирјето во голема мера се почитува.