Во источна Украина убиени војници и покрај примирјето

Украинските власти соопштија дека се убиени тројца украински војници, а најмалку 15 се повредени во изминатите 24 часа во борбите со про-руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Двете страни продолжуваат со борбите и покрај тоа што на крајот на минатиот месец се согласија на примирје кои стапи на сила на 1 септември. Новото насилство доаѓа во пресрет на посета на Киев од страна на министрите за надворешни работи на Германија и на Франција кои доаѓаат за да го поддржат прекинот на огнот.