Во Германија уапсени мигранти поврзани со напаѓачите во Париз

Напади во Париз во ноември 2015 година.

Германските власти уапсиле тројца сириски мигранти за кои постои сомнение дека се поврзани со извршителите на нападите во Париз минатата година. Осомничените на возраст од 17, 18 и 26 години се уапсени по серија рации во покраините Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн на 13 септември.

Федералните обвинители соопштија дека тројцата уапсени дошле во Германија во име на милитантната група Исламска држава за да извршат некоја задача што веќе им била дадена или пак да чекаат понатамошни инструкции.

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер изјави дека осомничените ја користеле истата мрежа за патување од Сирија до Европа како и напаѓачите во Париз, а имале и лажни пасоши направени во истата работилница како што имале и париските напаѓачи. Германските власти ги следеле со месеци сега веќе уапсените и за тоа време немало индикации дека има каков бил план за напад.

Во нападите во Париз во ноември 2015 година, загинаа 130 луѓе, а ИД ја презеде одговорноста за нападите.