Во Грција има над 60 илјади мигранти и бегалци

На грчка територија денеска се регистрирани повеќе од 60 илјади бегалци и мигранти, соопшти Координативното тело за управување со бегалската криза.

Во последните 24 часа во Грција пристигнале 183 нови мигранти.

Патролен брод на Фронтекс денеска пресретнал дрвена едрилица со 49 мигранти и бегалци во морето северно од островот Самос. Едрилицата, во придружба на брод на крајбрежната стража, била одведена до пристаништето Карловаси на Самос.

Според крајбрежната стража, во последните 24 часа биле спасени уште 94 мигранти и бегалци во два инциденти кај Лезбос и Хиос