Американски бомбардери над Корејскиот полустров

Соединетите држави извршија летови на надзвучни бомбардери над територијата на Јужна Кореа во покажување сила против Северна Кореа која во минатата недела ја изврши нејзината петта нуклеарна проба. Бомбардерите Б1 кои биле придружувани од американски и јужнокорејски авиони ловци летале на 120 километри од границата со Северна Кореа. САД во Јужна Кореа имаат околу 28 илјади војници.