Стотици илјади каталонци на собир за незвисност од Шпанија

Неколку стотици илјади католонци се собраа вчера во Барселона во знак на поддршка на независноста на таа покраина од Шпанија. Полицијата соопшти дека на собирот имало 540 илјади луѓе кои се за референдум за независност на Каталонија. Организаторите најавуваат нов референдум за идната година. Во 2014 година околу милион и 800 илјади каталонци се изјаснија за незвисност на необврзувачкиот референдум. Властите во Мадрид ваквите сецесионитички инцијативи во Каталонија ги сметаат за неуставни.