Десетици загинати во воздушни напади во Сирија

Околу 100 цивили се убиени за врме на изминатите 24 часа во воздушни напади во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија.

58 цивили биле убиени во напад на маркет во градот Идлиб. Тринаесет од жртвите биле деца. Осерваторијата исто така соопшти дека околу 30 луѓе биле убиени во областа контролирана од бунтовниците во околината на Алепо.

Се верува дека нападите биле извршени од страна на сириската влада или од Русија.

Извештаите за бројот на загинати во доаѓаат, откако вчера САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот кој треба да започне на 12 септември.