ФИФА најави нова истрага за Блатер

Светската фудбалска федерација најави нова истрага за поранешниот шеф Сеп Блатер и за неколку пратеници за наводен обид да си доделат нелегални бонуси, одлучи Етичкиот комитет на ФИФА.

Од Комитетот велат дека Блатер, заедно со Џером Валке и со Маркус Кетнер си доделиле околу 71 милион евра во периодот од 2011 до 2015. Наодите до кои дошла Комисијата се предадени до швајцарската полиција за кривична истрага.

Етичкиот комитет денеска објави дека ќе го казни и поранешниот заменик-претседател, Џефри Веб со казна од еден милион долари, затоа што земал мито и дека ќе му се забрани доживотно да се занимава со фудбал.