Судири во источна Украина и покрај примирјето

Украинските власти соопштија дека еден нивен војник загинал во новите судири во источниот дел на земјата и покрај примирјето кое стапи на сила на 1 септември. Воениот портпарол на укрианските владини сили, Андриј Лушено, соопшти дека еден војник загинал, а двајца се повредени. Тој вели дека имало судири околу источниот град Мариинка во близина на Доњецк. Лушенко вели дека сепаратистите исто така го прекршиле примирјето и со бомбардирање во близина на пристанишниот град Мариупол.