Узбекистан останува на ставот да не членува во воени сојузи

Привремениот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзијаев ја отфрли можноста за членување во воен сојуз, продолжувајќи по истиот курс на починатиот претседател Ислам Каримов.

Министерството за надворешни работи денеска испрати соопштение во кое Мирзијаев наведува дека двата дома на Парламентот ја потврдиле позицијата на земјата да не се членува во воено-политички сојузи и да не се дозволи да се градат воени бази и објекти на други држави на територија на Узбекистан.

„Никој не треба да се сомнева дека секој обид од страна на внатрешни и надворешните сили да посегнат по суверенитетот и независноста на нашата земја ќе бидат сериозно потиснатити“, вели претседателот во соопштението.