Во Узбекистан ќе се избира претседател во декември

Шавкат Мирзијаев е привремен претседател на Узбекистан.

Во Узбекистан на 4 декември ќе се одржат претседателски избори по смртта на лидерот Ислам Каримов. Денеска од Централната изборна комисија соопшти дека изборите се закажани, откaко вчера Парламентот го назначи досегашниот премиер Шавкат Мирзијаев за привремен претседател. Според Уставот на Узбекистан, претседателот на Горниот дом на Парламентот, требаше да ја преземе претседателската функција во случај претседателот да почине или да не може да ја извршува функцијата. Но претседателот на Сенатот Нигматула Јулдашев побара пратениците да го назначат премиерот за привремен претседател, оти имал долгогодишно искуство, по што пратениците го поддржаа предлогот.