Во октомври повторно ќе му се суди на активистот Аскаров

Во Киргистан следниот месец ќе почне повторното судење на активистот за човекови права Азимјон Аскаров. Претставници на Врховниот суд за РСЕ изјавија дека судењето е закажано за 4 октомври.

Аскаров кој е етнички Узбек, отслужува доживотна затворска казна. Тој во 2011 година е осуден за разгорување на национална омраза за време на етничките судири меѓу Киргизите и Узбеците во 2010, како и за соучество во убиство на полицаец за време на насилствата. Во јули годинава, Врховниот суд ја укина доживотната казна на Аскаров и случајот го испрати на повторно судење, поради, како што наведоа „нови околности што се појавиле за случајот“. ОН повика Киргистан да го ослободи Аскаров. Тој вели дека случајот против него е политички мотивиран.

Повеќе од 450 луѓе беа убиени, а најголем дел од нив етнички Узбеци, а десетици луѓе ги напуштија своите домови во етничкото насилство во јужен Киргистан во 2010 година.