Во Франција уапсени жени за планирање напад

Француските власти соопштија дека уапсиле три „радикализирани“ жени под сомневање дека планирале да извршат акт на насилство. До ова дојде во рамките на истрагата за едно возило полно со боци за гас оставено во близина на катедралата Нотр Дам во Париз. „Трите жени на возраст од 39, 23 и 19 години се радикализирани и фанатици и најверојатно планирале насилен акт“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Една од осомничените била застрелана и ранета, откако со нож нападнала еден полицаец за време на приведувањето.