САД и Украина ја продлабочуваат соработката во одбраната

Џон Абизаид.

САД и Украина се договорија да ја продлабочат соработката во областа на одбраната, со назначувањето на пензионираниот американски армиски генерал за специјален советник на министерот за одбрана на Украина.

Во соопштението на Пентагон, објавено денеска, се наведува дека Џон Абизаид ќе го советува министерот за одбрана Степан Полторак. Украина се обидува да го реформира надзорот над своите вооружени сили и да ја искорени корупцијата во воените редови, а во исто време украинските сили се борат против проруските сепаратисти на истокот на земјата.

Секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер, вели дека назначувањето на Абизаид не треба да не се толкува дека САД планираат да и помогнат на Украина во офанзивни операции.

Абизаид беше шеф на Централната команда на САД за Ирак и Авганистан во периодот 2003-2007.