Во Турција има седум милиони неписмени луѓе над 15 години

Седум милиони луѓе на возраст над 15 години во Турција се неписмени, покажуваат податоците на УНЕСКО, објавени по повод денешниот Меѓународен ден на образованието.

Според податоците, вкупно 758 милиони луѓе над 15-годишна возраст во светот се неписмени, додека нивото на писменост меѓу младите во последните 50 години се зголемува.

Согласно податоците на турското Министерство за образование за нивото на писменост во Турција кај лицата над 15-годишна возраст за минатата година изнесува 310.790 неписмени лица во најголемиот турски град Истанбул. Бројот на неписмени во главниот град Анкара бил 105.600 лица, а во Измир 65.570.

Во 2014 година околу девет отсто од жените во Турција биле неписмени, додека нивото на неписменост меѓу мажите било 1,8 проценти.