Узбекистан назначи привремен претседател

Парламентот во Узбекистан го назначи досегашниот премиер Шавкат Мирзијаев за привремен претседател на земјата, по смртта на претседателот Ислам Каримов, јавија руските новински агенции.

Двата дома на парламентот одржаа заедничка седница за да одлучат кој привремено ќе го наследи Каримов. Каримов, кој беше на чело на Узбекистан од1989 година, почина од мозочен удар на возраст од 78 години. Тој беше погребан во неговиот роден град Самарканд на 3 септември, еден ден откако властите официјално ја објавија неговата смрт.