„Епл“ го претстави новиот „ајфон“

„Епл“ го претстави последниот модел на „ајфон“, со нова дигитална камера и без влез за слушалки. Корисниците ќе можат да слушаат и преку безжични слушалки. Претседателот на компанијата Тим Кук на годишната конференција во Сан Франциско изјави дека новите „ајфон 7“ и „ајфон 7 плус“ ќе бидат целосно отпорни на вода и прашина. Кук ја претстави и новата генерација рачни часовниви „ајвоч“.