ЕУ и Британија треба да соработуваат и по „разводот“

Европската унија и Велика Британија треба и по „разводот“ да соработуваат во областа на одбраната и безбедноста изјави денеска во Брисел, Мишел Барније, преговарач на Европската комисија за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Неопходно е во областа на одбраната и безбедноста да изградиме силна билатерлана соработка“, рече тој.

Барније вели дека преговорите со Лондон се уште не се почнати и дека сега трае формирањето на екипата во ЕУ која ќе биде задолжена за Брегзит. Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер го именуваше Берније кон крајот на јули за преговарач за Брегзит. Тој е поранешен комесар за финансиски прашања, беше и потпретседател на ЕК и шеф на француската дипломатија.

ЕУ изрази желба што е можно поскоро да започне процедурата за излез на Британија од Унијата, но новата британска премиерка рече дека тоа нема да се случи пред крајот на оваа година.