Пронајдени телата на загинатите во авионската несреќа

Пронајдени се телата на сите шест загинати патници од урнатиот авион, станува збор за пет мажи и една жена, потврдуваат македонските власти.

Приватен авион вчера се урна во близина на Велес. Авионот со германски национални ознаки бил во сопственост на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“ од Тревизо, Италија, соопшти македонското Јавно обвинителство.

„Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител ќе следи постапка за идентификација“, наведува Обвинителството.