Во Истанбул уапсени 11 осомничени за поврзаност со ИД

Единаесет луѓе осомничени за поврзаност со Исламска држава денеска се приведени во полициска акција која била спроведена во исто време на 13 адреси во пет квартови во Истанбул. Според турските медиуми за приведените е утврдено дека често патувале во Сирија и во Ирак. Во полициската операција конфискувани се муниција, пиштол, дигитални материјали за ИД, кодирани документи и воени униформи. Весникот „Хабертурк“ објави дека приведените лица подготвувале напад.