Во Русија осудени кримски Татари за тероризам

Руски суд во јужниот дел на земјата осуди четворца кримски Татари за тероризам. Судот во Ростов на Дон соопшти дека тие биле членови на исламистичката група Хизб ут Тахрир и ги осуди на затворски казни од 5 до 7 години. Исламистичката група во Русија е прогласена за терористичка. Осудените мажи велат дека не се виновни и додаваат дека процесот против нив е политички мотивиран. Тие беа уапсени во Крим во период од јануари до април. Русија наиде на серозни критики од групите за човекови права и западните влади заради третманот на Татарите, кои зборуваат на турски, откако Русија го анектираше полусторовот во 2014.