Полициска операција во Анкара за одржување на безбедноста

Речиси 8.500 турски полицајци учествувале во акција за зајакнување на безбедноста на Анкара. Полициските екипи извршиле масовна проверка во централните и во некои крајни реони на Анкара. Проверките завршиле рано утрово.

Се проверувале документи на посетители во јавните установи, угостителски објекти, автобуски и железнички станици. Биле проверувани и автомобили и нивните возачи, а и личните документи на пешаци. Целта на тие проверки била одржувањето на безбедноста и превенција од можни закани пред претстојниот Курбан бајрам, велат турските полициски сили.