Пријавена експлозија во МВР, се проверува дали е исчезнатиот авион

Илустрација.

Експлозија и пожар во велешкото село Ветерско во близина на Велес вечерва биле пријавени во Министерството за внатрешни работи и на местото се упатени полициски и противпожарни екипи, каде се утврдува дали е урнатиот приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници и за кој претходно МВР потврди дека исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.

Иако некои медиуми објавија дека авионот се урнал, МВР се уште официјално не ја потврдува таквата информација.

Случајот за исчезнатиот авион попладнево во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на Скопскиот аеродром. Авионот полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво.