Турција очекува примирје во Сирија следната недела

Турција очeкува прекинот на огнот во Сирија да почне со почетокот на следната недела, иако на самитот на Г20 во Кина не е постигнат никаков договор, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател.

Портпаролот Ибрахим Калин вели дека претседателот Реџеп Таип Ердоган на самитот по втор пат се состанал со претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин со кои се согласил дека е „неопходно што е можно поскоро да се постигне прекин на огнот во сириската провинција Алепо“.

Турскиот портпарол вели дека се чека на конечен писмен договор за прекин на огнот, па што тој ќе стапи на сила. Ердоган предложил примирјето да настапи на муслиманскиот празник Курбан Бајрам на 12 септември. Тоа најпрво би требало да биде 48 часовен прекин на огнот, кој би се продолжил кога владините сили и бунтовниците ќе склучат договор.