Романија - истрага за Понта оти плаќал за посета на Блер

Романското обвинителство за борба со корупција денеска покрена истрага против поранешниот премиер Виктор Понта поради наводни финансиски неправилности во врска со посета на странски претставник на земјата во 2012. Иако обвинителството не наведе за кој странски претставник станува збор, бизнисменот Себастијан Гита, кој денеска беше на сослушување, потврди дека истрагата е фокусирана на посетата на поранешниот британски премиер Тони Блер во Букурешт во 2012 година.

Понта исто така беше сослушан денеска, а обвинителите се сомневаат дека ја злоупотребил службената должност во времето кога бил лидер на Социјдемократската партија со цел да го убеди Гита да потроши 220.000 евра на посетата на Блер.

За возврат, Понта го промовирал бизнисменот во земјата за да му помогне да дојде до парламентарен мандат. Понта и Гита ја негираат вината.

Портпаролката на обвинителството Ливија Саплацан изјави дека странскиот гостин не е под истрага.