Генералниот секретар на НАТО ќе ја посети Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четврток и во петок ќе престојува во посета на Турција, прв пат по неуспешниот обид за воен удар во земјата, по кој се заладија односите меѓу Анкара и западот, соопштија од Алијансата. Во Турција, која е членка на НАТО, Столтенберг ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и со министрите за одбрана и за надворешни работи. Поради мерките кои ги презедоа турските власти по обидот за пуч, се заладија односите меѓу Турција и многу земји членки на НАТО.