Во Турција се апсат професори помагачи на Ѓулен

Турските власти денеска издале околу 150 налози за апсење на професори, осомничени дека користеле апликации за кодирање пораки на Интернет, кои им служеле на приврзаниците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, обвинет од турските власти за организирање на обидот за воен удар на 15 јули, јави Анадолија.

Околу 400 полицајци се вклучени во операцијата во Кајзери, во централна Турција за апсење на професорите, обвинети дека ја користеле апликацијата за мобилен телефон ByLock.

Професорите, кои биле отстранети од должност по обидот за преврат, се обвинети за „непочитување на Уставот“, „обид за соборување на турската Влада“ и „припадност кон вооружена терористичка организација“.