Убиен и последниот напаѓач на елитна населба во Кабул

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека е убиен последниот вооружен човек кој беше вклучен во нападот на елитна населба во Кабул каде се сместени многу владини објекти и седишта на странски организации. Портпаролот на Министерството на Твитер напиша дека сите тројца напаѓачи кои зедоа и заложници и ги држеа речиси 11 часови се убиени. Претходно портпаролот изјави дека во нападот е убиен еден цивил, а шест други се повредени. Нападот почна на полноќ откако бомбаш самоубиец се разнесе. Полициските сили спасиле 42 луѓе, меѓу кои 10 странци, рече портпаролот.

Нападот се случи само неколку часа по двојниот бомбашки напад во Кабул, во близина на Министерството за одбрана, во кој загинаа најмалку 24 луѓе, а 90 беа повредени.