Во Киргистан убиен член на меѓународна терористичка група

Киргистанските власти денеска соопштија дека е ликвидиран член на меѓународна терористичка група во близина на Бишкек на 29 август.

Државната комисија за национална безбедност соопшти дека членот на терористичката група кој имал 39 години е убиен во престрелка со полициските сили. Идентитетот на човекот и на групата на која припаѓал не беа откриени.

Инспекторите откриле пушка, импровизирана експлозивна направа и значителна количина на муниција кај убиениот човек.

Киргистанските власти соопштија дека стотици Киргистанци им се придружиле на ектремистите од Исламската држава во Сирија и во Ирак во последниве години.