Порошенко повика на обединета Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко повика граѓаните да ги надминат разликите, оти само обеднинети ќе можат да ја спасат земјата од, како што рече, постојаната руска воена агресија. Тој во своето годишно обраќање во Парламентот рече дека во такво време прашањето за национално единство и политичка консолидација е прашање на живот и смрт за Украина. Денеска украинското Собрание започнува нова парламентарна сесија.

Порошенко им се заблагодари на западните партнери за нивната поддршка, која тој тврди дека изнесува повеќе од половина милијарда долари, но тој рече дека на земјата и треба повеќе помош за да го одбрани својот суверенитет.

„На Украина и треба константна меѓународна поддршка за справување со руската агресија“, рече Порошенко.