Клинтон загрижена за мешањето на Русија во изборите

Американскиот демократски кандидат за претседател Хилари Клинтон изрази „сериозна загриженост“ од тоа што Русија можеби се мешала во претседателските избори преку сајбер напади во Демократската партија и во гласачкиот систем. „Се соочуваме со многу сериозна загриженост. Досега сме немале некоја странска сила да биде инволвирана во нашиот изборен процес“, рече таа. Клинтон сугерира дека нејзиниот ривал републиканскиот кандидат Доналд Трамп бил „бизарно привлечен“ од рускиот претседател Владимир Путин и од други „диктатори“ и оти тој работел со Русија или ја охрабрувал да се меша во изборите.