Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

Во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и ретки грмежи, пообилни во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и повремени ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 19 степени.