Ердоган бара „безбедни зони“ во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Самиот на Г20 во Кина повикал да се формираат „безбедни зони“ во Сирија, во кои ќе нема борби, како и да се помогне за да се запре приливот на бегалци од земјата.

Тој вели дека за формирање такви зони зборувал со рускиот претседател Владимир Путин и со претседателот на САД, Барак Обама.

Претходно турските власти соопштија дека ги протерале милитантите на Исламската држава од последниот дел на територијата која ја контролираше ИД по должината на сириско турската граница.