Орбан: Заедно против мигрантската криза

Европа може да се соочи со нова мигрантска криза, предупреди денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој е во посета на Белград. Тој и понуди помош на Србија за спречување на нелегалните мигранти во земјата. На заедничката прес-конференција со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, Орбан рече дека договорот меѓу Турција и Германија е „лабав“, па затоа не може да се исклучи можноста за повторен миграциски бран, каков што имаше минатата година. Орбан вели дека законите не смеат да се кршат и не може да се дозволи нелегалнен влез на територија на една држава.