Во Дагестан убиени двајца терористи и полицаец

Двајца терористи кои биле вмешани во низа терористички напади се убиени денеска во Дагестан, соопшти Рускиот национален анти-терористички комитет. Во специјалната операција против терористите бил убиени и еден полициски специјалец, а друг бил повреден. Операцијата се одвивала во јужната област Магармкент во Дагестан. Во Дагестан често има насилства предизвикани од криминални групи и милитанти кои сакаат да воспостават исламски калифат во Северен Кавказ.