Турција: ИД истерана од границата со Сирија

Турската војска и сириските бунтовници што ги поддржува Турција ги протерале милитантите на Исламската држава од последниот дел на територијата која ја контролираше ИД по должината на сириско турската граница, пренесе новинската агенција Анадолија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија наведе дека ИД ја загубила врската со „надворешниот свет“, бидејќи веќе не се наоѓала на граничните подрачја со Турција. Анкара на 24 август испрати тенкови и специјални сили со поддршка на борбени авиони на САД во Сирија за да им помогнат на бунтовниците да го заземат градот Џараблус, упориште на ИД.