Средба на Обама и Ердоган за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама му соопштил на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган дека е од критично значење да се заврши работата за обезбедување на границата на земјата со Сирија. Двајцата лидери остварија средба на маргините на самитот на Г20 во Кина.

Обама изјави дека обезбедувањето на турската граница е важно бидејќи од таму влагаат регрутираните војници на милитантната група Исламска држава за да се борат во Сирија. Тој истакна и дека Турција не треба сама да го носи товарот во справувањето со сириската бегалска криза.