Иванов-Македонија е горда на Мајка Тереза

Канонизацијата на Мајка Тереза за Светица во Ватикан

Претседателот Ѓорѓе Иванов по повод денешната канонизација на Мајка Тереза рече дека земјата е горда што има сограѓанка Светица. Тој порача дека Македонија треба да е горда на нејзиното дело и на сето тоа што го направила. Тој информира и дека македонската делегација, која имаше почесно место на настанот, имала куса средба со Папата Франциск, кој му потврдил на Иванов дека ќе дојде во Македонија.

Папата на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Посебно место на свеченоста освен делегацијата од Македонија, имаа и од Албанија и Индија како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија. На канонизацијата на Мајка Тереза присустваат многубројни верници и високи гости од целиот свет.

Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признат од Римокатоличката црква.