Сончево и топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.